Македонскиот интернационалец Горан Пандев потпиша три годишен договор со екипата на Наполи. Ланската сезона Пандев за Наполи настапуваше како позајмен фудбалер од Интер, а годинава “азурите“ за осум милиони евра го откупија Пандев.

Во 42 натпревари одиграни за Наполи, “Кунг фу“ Пандев постигна седум погодоци. Пред заминување од тимот на Наполи е аргентинецот Езекел Лавеци а се шпекулира дека Пандев ќе добие нов тренер во името на Роберто Ди Матео.

Мх.П.