Жителите на зграда во непосредна близина на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид повеќе од две и пол децении чекаат да се уреди паркингот пред објектот, како и пристапниот пат. Иако живеат во центарот на градот, тие секојдневно кога е суво се дават во прашина или газат во кал кога врне. Дупките пак кои постојано „никнуваат“ од земјата се смрт за нивните автомобили. Се работи за крак помеѓу улицата „Партизанска“ и булеварот „Туристичка“. Во непосредна близина има хотел и повеќе ресторани, како и приватни сместувачки капацитети, па оваа глетка не е ексклузивно охридска, туку со неа се соочуваат и туристите. За жал овој не е единствен ваков пример во градот, каде дворовите и паркиралиштата на голем број згради изградени пред години се уште не се уредени.
Паркинг од зграда во центарот на Охрид со децении чека асфалт
OhridNews