Се поголем број граѓани во летниот сообраќаен метеж се решаваат својот автомобил да го заменат со моторцикл. Моторите се идеални за движење во летните гужви, не се плаќа паркинг, ама и полесно се наоѓа паркинг. И се е во ред доколку се почитуваат правилата, кои за жал секојдневно се кршат. Често пати нестрпливите моторциклисти во сообраќајните гужви непрописно престигнуваат колона автомобили загрозувајќи го така својот и животот на другите учесници во сообраќајот.


OhridNews