Охриѓани и гостите вечерва уживаа во празничната програма на градскиот плоѓтад кој пулсира во ритамот на забавата.

Голем број охриѓани и гости го проследија настапот на тин ѕвездата Христијан Настески –Пајак, по кој на сцената на градскиот плоштад настапија младинската рок група при Младински центар Охрид и „The back door band“.

Во центарот на градот вечерва е раздвижено. Шеталиштата и шаршијата се полни како во шпиц на сезона, а во кафулињата и рестораните се бара место повеќе.

Предновогодишната забава денеска почна со детската театарска претстава „Минионите на Дедо Мраз“ во изведба на Театар „Провокација“. Програмата за најмладите продолжува утре, 31 декември,  со детската новогодишна театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“ во изведба на Детско драмско студио „Ден и нок“, што ќе биде изведена на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ од 12:30 часот.

На истата сцена во ‎14:00 часот ќе почне концертот на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ -„Златни 80-ти“, под ментроство на проф. Љупчо Аслимоски, а денската програме ќе биде заокружена со настап на DJ Ace во 15:30 часот.

Вечерта на 31 декември на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, фолк иконата Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, како и во сетовите на DJ Yuxell и DJ Bagzi.

Новогодишната програма почнува во 20:00 часот.

На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.

Г.М.
Фото: А. Момироска