Во отсуство на шефот на стручниот штаб, Наџи Шенсои, фудбалскиот клуб Пелистер со тренинг во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ги започна зимските подготовки во Охрид за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

„Зелено белите“ кои есенската полусезона ја завршија на третата позиција на табелата во Првата лига во Охрид ќе се подготвуваат две недели.


Меѓу 30-тината фудбалери на првиот тренинг беа и новајлиите во екипата Баже Илијоски, Мартин Блажески и Јасмин Мециновиц. Во тек на подготовките ќе се приклучи и најновото засилување од Бразил, Фернандо Силва Дос Сантос кое пристигна од Бугарија.

Пелистер во Охрид на 18 јануари ќе одигра и контролен натпревар со Шкендија која исто така ќе се подготвува во градот под Самоиловите тврдини.

Двојки:

30 Јануари Шкупи –Новаци

31 Јануари Борац Чачак – Македонија Ѓ П

31 Јануари Спартак Суботица – Победа

01 Февруари Ренова – Младост П

01 Февруари Крупа – Победа

02 Февруари Македониа Ѓ П – Шкупи

04 Февруари Спартак Суботица – Борац Чачак

04 Февруари Ренова – Македонија Ѓ П

05 Февруари Крупа – Шкупи

07 Февруари Ренова – Крупа

07 Февруари Борац Чачак – Младост П

08 Февруари Борац Чачак – Шкупи

09 Февруари Крупа – Спартак Суботица 

10 Февруари Ренова – Новаци

Мх.П.