Екипата на Шкендија по титулата во кадетска ја освои и во младинската конкуренција во Купот на Македонија. Тетовските „црвено црни“ во финалето го совладаа Работнички после изведувањето на пеналите (5-4), откако регуларниот дел заврши без голови 0-0.

Младинското финале иако немаше голови ги оправда очекувањата. Натпреварот изобилуваше со динамика, а шанси имаше на двете страни, но стрелците немаа свој ден и голманите беа на висина од задачата.

Во пенал рулетот Шкендија ги реализираше сите пет пенали, а „романтичарите“ промашија во втората серија. Тетовчани со победата ја потврдија доминацијата во младинскиот фудбал, откако и кадетите го обезбедија пехарот. Нови две шанси за трофеи Шкендија ќе има во помлади пионери и помлади петлиња.

Куп мечевите продолжуваат утре со почеток во 10 и 17 часот.

Мх.П.