Во осветените води на Охридското Езеро, вчера по шести, во рамки на големиот празник Богојавление-Водици, кај месноста Сараиште, се изврши групно крштевање на десеттина верници.

Преку овој чин Црквата им овозможува на сите оние кои не се крстени на овој начин да ја примат православната вера.

Крштевањето е од големо значение во самото свето православие бидејќи со самата света тајна крштение се прима православната вера.

OhridNews