Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и на локалниот кризен штаб поставуваат вреќи со песок на најкритичните делови во Охрид, со цел да се спречат евентуални поплави кои се закануваат поради високиот водостој на езерото. Граѓаните на Охрид се поделени во мислењата околу изградбата на насипите, кои според нив не можат да спречат евентуални поплави. Од Координативното тело за справување со последиците од поплавите уверуваат дека надлежните институции на централно и локално ниво ги преземаат сите потребни мерки и дека состојбата е под контрола.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com