На повеќе локации во градот, несовесните граѓани зад себе оставаат „купишта“ ѓубре и градежен шут, кој само ја нагрдува сликата во нашиот туристички бисер.
Секојдневно низ градот под Самоиловата тврдина, никнуваат нови депонии. Она што најмногу загрижува, е што ваквите грди слики се почести во централното градско подрачје.
Расфрлани пластични шишиња и ќеси, како и голема количина неразградлив отпад, е глетката на самиот кеј во централното подрачје, спроти хотелот „Палас“.
Граѓаните се трпеливи и се надеваат дека во новава година, еколошката свест кај охриѓани ќе се зголеми, а надлежните соодветно ќе ги казнат оние кои ја загадуваат природата.
О.Т.