Најразличен цврст и тешко разградлив отпад е амбиентот со кој се соочуваат жителите, но и посетителите кои секојдневно поминуваат покрај катедралната црква „Св. Софија“.
Иако овој објект претставува една од најзначајните средновековни, архитектонски и културни вредности кои сведочат за Охрид, сепак односот на поединци кои ја нагрдуваат сликата за градот е за осудување.
Инаку, црквата „Света Софија“ е изградена во 11 век и низ историјата била седиште на Охридската архиепископија. Овој верски храм е прогласен за споменик на културата и е под заштита на државата поради своето историско значење.
О.Т.