Вевчанската република ќе добие влез како што и доликува. Во месноста викано Суво поле наскоро ќе се издигне голема порта наречена „Порта Вевчани“. 

Портата е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“. Таа ќе биде осветлена со канделабри и ќе го разубавува влезот на Вевчани.

Камен темелникот на Порта Вевчани со верски обичаи беше поставен на 10 март. На свеченоста присуствуваа донаторите, политичари и жители на Вевчани, кои ја поздравија изградбата на портата.

OhridNews
фото: „Мега продукција“