Пивотот Иван Тасески тренира со полн интензитет со останатите ракометари од Охрид, откако комплетно ја санираше скршеницата на четвртиот прст од левата рака. Тасески се повреди на средбата со Пелистер и ги пропушти завршните мечеви од првата етапа во Супер лигата.

  • Ја залечив повредата. Немам болки и можам комплетно да се фокусирам на тренинзите. Не заостанувам многу во однос на другите играчи, но со тек време ќе ги стигнам и ќе бидем максимално подготвен. – изјави Тасески.

Ракометарите на Охрид подготовките ги започнаа минатата недела. Тие ќе се одвиваат во три фази. Во првата „гладијаторите“ ќе тренирааат во Фитнес центарот „Фит Форм“ и во СРЦ „Билјанини Извори“. Втората ќе биде во Будва, Црна Гора каде охридските ракометари ќе тренираат и одиграат контролни средби со тамошни екипи. Третата и последна фаза ќе биде во Охрид, а ќе се состои од одигрување на неколку квалитетни тест мечеви.

„Гладијаторите“ тренираат во пеколно темпо.

OhridNews