Фото: Позитивни вибрации на првата вечер од Фестивалот на виното, забавата продолжува вечер
28.06.24 11:09
Позитивни вибрации за сите генерации на првата вечер од Фестивалот на виното кој вчеравечер почна во Охрид.
Големиот број посетители на поставените штандови имаа можност да вкусат од широката понуда на вина од бројните винарии чиј број од година во година се повеќе се зголемува.
Во одлична атмосфера и расположение мина и музичкиот дел за кој се погрижија Backdoor band, Миле Кузманоски, „Куку леле“ и DJ Face.
Забавата беше збогатена и со настапот на стендап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кои ја насмеаја публиката до солзи.
Ова е трето издание на Фестивалот чија цел е збогатување на туристичката понуда во градот, продолжување на туристичката сезона и привлекување на што поголем број домашни и странски гости.
Денес од 19 часот на Кеј Македонија пред хотел „Палас“ продолжува втората вечер каде во забавниот дел најавени се Урбан планет, Некст тајм, Брас брадрс и незаменливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, а секако продолжува и уживањето со некоја чашка добро вино.
Фестивалот полека но сигурно зазема место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид.
Позитивни вибрации за сите генерации на првата вечер од Фестивалот на виното
Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи 4-та седница На дневен ред се 88 точки, меѓу кои и Предлог-одлука за усвојување на студија за проценка на еколошкиот отисок на општина Охрид Советот ден...
Утрово во Охрид е магловито со ниска облачност Во текот на денот облачноста ќе се намали и не очекува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб ветер од севе...
Во 57-година од животот вчера ненадејно почина Сашо Нанвески – Нанец, познат урбан лик и угостителски работник Нанец беше угостител долги години, сопственик на едно од првите модерни кафеа во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.