Фото: Позитивни вибрации на првата вечер од Фестивалот на виното, забавата продолжува вечер
28.06.24 11:09
Позитивни вибрации за сите генерации на првата вечер од Фестивалот на виното кој вчеравечер почна во Охрид.
Големиот број посетители на поставените штандови имаа можност да вкусат од широката понуда на вина од бројните винарии чиј број од година во година се повеќе се зголемува.
Во одлична атмосфера и расположение мина и музичкиот дел за кој се погрижија Backdoor band, Миле Кузманоски, „Куку леле“ и DJ Face.
Забавата беше збогатена и со настапот на стендап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кои ја насмеаја публиката до солзи.
Ова е трето издание на Фестивалот чија цел е збогатување на туристичката понуда во градот, продолжување на туристичката сезона и привлекување на што поголем број домашни и странски гости.
Денес од 19 часот на Кеј Македонија пред хотел „Палас“ продолжува втората вечер каде во забавниот дел најавени се Урбан планет, Некст тајм, Брас брадрс и незаменливите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, а секако продолжува и уживањето со некоја чашка добро вино.
Фестивалот полека но сигурно зазема место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид.
Позитивни вибрации за сите генерации на првата вечер од Фестивалот на виното
Денес се одигра второто коло од “Трофеј Македонија“, во кое Хрватска убедливо ја совлада Србија, додека Македонија беше поразена од Црна Гора Во првиот натпревар Хрватска одигра одличен натпр...
Ракометарите на Охрид забележаа рутинска победа во 4 коло од Супер лигата Вечерва во салата „Билјанини извори ГРК Охрид славеше над Прилеп 34:18, полувреме 18:09 Охрид сериозно влезе во мечот од са...
Д-р Орхидеја Тасевска повторно е избрана за директорка на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, потврди таа за Охридњуз Со изборот ќе продолжи да раководи со институцијата и во наредниот мандат од 4 год...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.