Гостите во познатиот ресторан „Билјанини извори“ денеска уживаа во Есенскиот џез на Владимир Четкар и неговиот бенд. 

Во рамки на настапот беше промовиран видео спотот за новиот сингл на Четкар „Travel The World“.

Видеото кое се снимаше на повеќе локации во Македонија е во режија на Борче Димоски од продукцијата „Дигитал Бокс“.

Со денешниот џез концерт, продолжува традицијата на организација на исклучително квалитетни културни настани во ресторанот „Билјанини извори“ и хотелот „Филип“, каде токму секстетот на Владимир Четкар го одржа еден од најдобрите музички настани изминатото лето на охридската ривиера.


Есенски џез со бендот на Владимир Четкар во „Билјанини извори“

OhridNews