На празникот Прочка, во Велгошри, охридско, денеска се одржа традиционалниот маскенбал “Емшири 2025”.
Младите емширчиња со креативни маски инспирирани од нивната фантазија и омилените детски јунаци, продефилираа низ улиците на Велгошти. Секое дете доби пригоден подарок од организаторот на настанот кој и оваа година финансиски е поддржан од Општина Охрид. Подароците ги подели претседателот на МЗ Велгошти, Кире Пердулоски.
Младите емширчиња на креативен начин го одбележаа празникот Прочка во Велгошти
Г.М.