Денес на пладне на Градскиот плоштад со почитување на сите мерки и протоколи во време на пандемија на коронавирусот беа прогласени најдобрите натпреварувачи од второто издание на Планинарската трка „Охрид Ултра Треил“.

Во трката „Охрид Ултра Треил“ долга 107 километри во машка конкуренција победи Грегор Хајн од Австрија додека во женска најдобра беше Аринета Мула од Косово. На „Галичица Треил“ долга 66 километри прв низ целта мина охриѓанецот Дејан Ангелоски во машка конкуренција, а кај дамите првопласирана заврши Ерида Куршумлија.

На „Летница Треил“ долга 18 километри најбрз беше Илија Пајмаковски, а кај дамите прва финишираше Марија Пеликон. Во сите три конкуренции имаше и класа ветарани, а за издвојување е третата позиција на Марино Гогов на трката на 18 километри.

Резултати:

Охрид Ултра Треил (107 километри)

Машки

1. Грегор Хајн

2. Жикица Ивановски

3. Гентијај Ликај

Жени:

1. Аринета Мула

2. Сања Најдовски

3. Ута Ибраими

Машки ветарани

1. Борче Милошковски

2. Здравко Дејановиќ

3. Жорж Алевисос

Галичица Треил (66 километри)

Машки

1. Дејан Ангелоски

2. Антонио Каранфилоски

3. Александар Еленин

Женски

1. Ерида Куршумлија

2. Ивана Пекевска

3. Бисера Николовска

Машки ветарани

1. Владо Симеонов

2. Љубиша Андреиќ

3. Драган Глишиќ

Летница Треил (18 километри)

Машки

1. Илија Пајмаковски

2. Златко Николов

3. Марио Котеси

Женски

1. Марија Пеликон

2. Талија Петреска

3. Ивана Настовска

Машки ветерани

1. Александар Христов

2. Ненад Лазиќ

3. Марино Гогов

Жени ветарани

1. Валентина Узунова

2. Сунчица Арсовска

3. Цвета Ѓорѓиева

OhridNews