Во близина на градското пристаниште, на триесеттина метри од брегот, беше извлечен сандак со експлозивни средства.


Како што информираа од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, акцијата се извршила во соработка со пиротехничар од Кичево и нуркачи од Единицата за брза интервенција под вода.


Од водите на езерото се извадени 36 противпешадиски мини, 3 рачни бомби со дрвена рачка и 4 запалки за рачни бомби.


Утврдено е дека пронајдените мини датираат од Првата светска војна. Испратени се во посебно депо во кое ќе се чуваат до нивното уништување.