Изминува првата недела од јули, а времето ни малку не наликува на лето. Ветрот кој деновиве дува од северозападен правец ги спушти дневните температури, а прошетките навечер се непријатни без потопла облека.


Метеоролозите и за денес најавуваат променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 22 степени.

 Подобрување на временската состојба се очекува од утре.

OhridNews