Утрово од игралиштето „Стобекс“ во населба Видобишта, охриѓани го започнаа првиот хуманитарен марш во чест на Трајан Целески- Тачо.
Околу 40-тина активисти придружувани од волонтерите на Црвен крст – Охрид се движат по патеката Видобишта- Црква Св. Никола- Велгошти- Видобишта која е во должина од 10 км во два правци. Водич е шампионот во планинско трчање Дејан Ангелоски.
Охрид го памети Тачо како голем другар, спортист, човек со борбен дух, позитивна енергија и харизма. Борбата за неговиот живот прерасна во симбол на хуманост и сплотеност.
К.А/Ј.Ц





















