По натписот на OhridNews, деновиве од предната страна на катедралната црква „Св. Софија“ е расчистена мини-депонијата од најразличен цврт и тешко разградлив отпад.
Останува да загрижува односот на поединци кон културните вредности во Охрид, со оглед на тоа што овој објект претставува споменик на културата.
Инаку, црквата „Света Софија“ е изградена во 11 век и низ историјата била седиште на Охридската архиепископија.
OhridNews











