Фасадните ѕидови од Хотелот Палас, кои пред неколку дена паднаа на улицата спроти студентскиот дом „Никола Карев“, се расчистени.

За оваа ситуација, пред неколку денови порталот OhridNews, објави фотографии на кој се гледаат распаднатите ѕидови кои ја прекрија улицата и тротоарот кој водат до самото крајбрежје.

Граѓаните иако задоволни од расчистувањето на сметот, апелираат до надлежните да се преземат соодветни мерки со цел овие немили настани да не се повторат.

О.Т.