Преку 40 вљубеници во природата и панинарењето беа дел од планинарската тура на планината Галичица, која се реализираше денеска, во организација на Црвен крст Охрид, a во рамки на одбележувањето на Неделата на срцево садови заболувања. Групата ја предводеа членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, а во sтаницата за спасување на местото Липова ливада, медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршеа здравствени прегледи, додека најмладите уживаа во снегот. Со оглед на интересот, вакви и слични активности ќе бидат организирани и во наредните викенди, информираат од Црвен крст.
Фото галерија:
Рекреативците ја запоседнаа Галичица
OhridNews