Без победник (1-1) заврши контролната пресметка помеѓу второлигашите Струга Трим Лум и Кораб кој двете екипи го одиграат на градскиот стадион во Струга. 

Први до водство дојдоа фудбалерите од Дебар, кои, погодија во финишот од првото полувреме. Пред последниот судиски свиреж во 90-та минута стружани израмнија и избегнаа пораз.

Екипата на Струга Трим Лум контролните мечеви ќе ги продолжи в сабота во Охрид против Ренова, а Кораб петок ќе ги одмер силите со Силекс во Дебар.

Новата сезона во Втората лига запад и исток започнува на 18 август.

Мх.П.