Со кортео од Чинарот каде што беше збирното место по охридската чаршија и до СРЦ „Билјанини Извори“, навивачката група „Рибари“ ја започна големата прослава по повод 30-от роденден.

Сите генерации се сплотија како еден и го „раздвижија“ градот Охрид кој ќе биде сведок на до сега невиден спеткакл во македонски и балкански рамки.

СРЦ „Билјанини Извори“ каде ќе се одигра ракометното дерби Охрид – Пролет полека се полни и се очекува да се бара билет повеќе. Мечот започнува во 17 часот.

После ракометниот натпревар, „Рибари“ со големо пиротехничко шоу ќе го заокружат јубилејот и 30-от роденден.

OhridNews