Неодминлив декор на ракометните дерби средби помеѓу Охрид и Струга се и навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“. Тие оставија свој белег и на вечерашната дерби средба (19:24). Навивачите најпрвин се дочекаа пријателски и цело прво полувреме пееја заедно навивачки песни истакнувајќи транспаренти за национално обединување и помирување. „Љубовта“ траеше до почетокот на второт полувреме, кога двете навивачки групи го сменија репертоарот од национален во локал патриотски. „Рибарите“ беа во елемент, креативни и гласни, но „Паткари“ си заминаа од Охрид со победничка песна.
Верни до крај – „Рибари“ Охрид