„Рибарите“ ја активираа трансфер бомбата во зимскиот преоден рок официјализирајќи го ангажманот на Стојанче Велинов. Фудбалерот со прволигашко педигре во тимот на Охрид доаѓа од есенскиот првак во Втората лига-исток, Брегалница.

  • Имав доста понуди од други екипи од нашата земја, но проектот на Охрид многу ми се допадна и прифатив да бидам дел од клубот. Свесен сум за ситуацијата во која се наоѓа екипата и се надевам дека ќе му помогнам да стигне до опстанокот. Јас веќе тренирам со играчите недела дена и нема да имам проблем со аклимитизацијата. – изјави најновото засилување на Охрид.

Велинов е вкупно шесто засилување за охриѓани во зимскиот преоден рок. Тој ќе му донесе голема свежина на нападот кој ќе мора да биде на ниво во пролетната полусезона во Втората лига.

Охрид претходно се засили со Раиф Мирселоски, Бурхан Алији, Шериф Реџепи, Дарко Симјаноски и Александар Василев.

Мх.П.