Фудбалскиот клуб Охрид ги започна подготовките за претстојната сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ после осум сезони се дел од второлигашкото друштво, а целта е етаблирање и задржување на статусот во лигата.

На охриѓани им се придружија Љупче Трпески, Александар Целески и Мартин Лекоски од Кораб, голманот Даниел Котевски од Победа и уште неколку играчи со кои до крајот на неделава ќе биде официјализирана соработката.

  • Костурот на екипата кој триумфираше во Третата МФЛ и обезбеди промоција во Втората лига го задржавме, а ангажиравме охридски фудбалери со уште неколку засилувања од страна. Почнуваме тивко и скромно и без помпезности, бидејќи прво не чека работа во текот на овие подготовки а потоа не чека голема борба во текот на сезоната. – изјави спортскиот директор Александар Мартиноски.

Подготовките на „сино белите“ ќе се одвиваат исклучиво во Охрид. Клубот планира пет контролни средби до почетокот на сезоната, кој е закажан за 24 август.

OhridNews