Фудбалерите на ФК Охрид денеска на главниот терен на “Атина Бојаџи“ го одржаа последниот тренинг пред натпреварот од 11-та рунда со Напредок. Тренерот на “рибарите“ Антиќ испроба некои варијанти кои се очекува да дадат плод на утрешниот меч против кичевчани.


Последните исправки пред дуелот, Антиќ и Пројков.


Дебитира пред своите фанови на “Атина Бојаџи“, Лескароски.




Три од три зошто да не и четири, Димоски.

Натпреварот е со почеток од 14 часот на градскиот стадион, “Атина Бојаџи“. Цената на билетот изнесува 100 денари.

Фото: Михаил Постоловски