Фасадните ѕидови од некогаш препознатливиот хотел „Ривиера“, со се поголеми оштетувања.
Околу самиот влез од хотелот можат да се забележат поголеми парчиња малтер и фасада.
Според граѓаните, некогашниот препознатлив туристички белег полека го снаоѓа истата судбина како хотелот „Палас“.
Инаку, х. „Ривиера“ веќе подолг временски период стои запуштен. Хотелот сега е во сопственост на „Комерцијална банка“, по основ на активирана хипотека и се наоѓа на продажба.
О.Т.