Со сите ракометни генерации на теренот во Спортстко рекреативниот центар Тими, со навивачката група „Паткари“ и голем број на љубители на трибините Ракометниот клуб Струга го одбележа 70-годишниот јубилеј.

Постарите ветерани, помладите ветерани и сегашниот тим низ натпревари присетија на едни одлични времиња и на некои кои треба да дојдат. Струшкиот ракометен клуб со посебни признанија им изрази благодарност на сите чинителите во клубот, а сите си посакаа клубот уште долги години да постои.

70-годишниот јубилеј на Струга се поклопи со нивното враќање во ракометната елита и двете спектакуларни пресметки со Охрид во Супер лигата.

OhridNews
Фото: Giovanni Films