Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо го одработи првиот тренинг со соиграчите од Јувентус, откако во трансфер вреден 100 милиони евра во редовите на италијанскиот шампион се пресели од актуелниот европски првак, Реал Мадрид.
Португалецот, видно беше расположен на првата тренинг сесија со „старата дама“ и позираше во свој препознатлив стил со кренати шорцеви. Роналдо, доби дополнителна недела одмор поради настапите на Португалија на Мундијалот и средувањето на потребните документи за него престој во Торино.
Неофицијално деби Роналдо во дресот на Јувентус ќе има во САД против тим составен од ѕвездите во МЛС лигата, а официјално во италијанската Серија А со Киево на гостински терен.
OhridNews


















