Реал Мадрид со реми без голови против Спортинг Хихон ја започна новата сезона во шпанскиот фудбалски шампионат. Веднаш, на удар се најде Кристијано Роналдо кој во текот на мечот имаше една неуспешна симулација за пенал.
Тој на критичарите и на оние кои не го сакаат му одговори со порака на својот Инстаграм профил „Вашата љубов ме прави јак и силен, а вашата омраза ме прави незапирлив“.
По објавувањето на пораката Инстаграм беше преполн со реакции, а сега Роналдо е на потег да одговори на оние кои го сакаат и на оние на кои не им омилен фудбалер.
Ohridnews