Фудбалската супер ѕвезда Кристијано Роналдо, задолжителните денови во карантин ги поминува во својата родна земја, Португалија. Сите членови на Јувентус вклучувајќи го и Роналдо мораат да бидат под посебен режим поради позитивниот тест на Даниеле Ругани на коронавирусот.
Роналдо во Португалија отпатува поради влошената здравствена состојба на мајка му, која претрпе мозочен удар. Потоа, италијанските власти донесоа забрана за влез во Италија и Роналдо мораше да остане во Португалија заедно со фамилијата.
Фудбалерот на Јувентус, слободно време го поминува тренирајќи и сунчајќи се на балконот од својот дом. „Домашните обврски“ ги презеде поубавата половина Георгина Родригез која ја искористи можноста за шопинг во градот каде што живеат.
Во меѓувреме, Јувентус потврди нов позитивен случај на коронавирус помеѓу фудбалерите. Се работи за францускиот репрезентативец Блес Матуиди.
OhridNews