Долгогодишниот дефект со канализационата мрежа во старата охридска чаршија, вчера беше успешно саниран.

Екипите на охридското јавно претпријатие „Нискоградба“, ја прекопуваа шахтата, во која се слеваат мешовити приклучоци за атмосферски води.

Во изминатиот период, овој потег се поплавуваше при поголеми врнежи од дожд, што претставуваше проблем и за граѓаните, но и за околните дуќанџии.

О.Т.