Деновиве информативанта табла за лебедите во близина на каналот Студенчишта повторно е ставена во функција. Претходно, граѓаните преку OhridNews реагираа дека истата е откорната од несовесни поединци.
Инаку, информативната табла со податоци за црвеноклуниот лебед беше поставена во 2011 година во рамки на проектот „Регистрирање на гнездата на лебедите и нивна заштита во Охридското езеро со цел одржување на биодиверзитетот“, како и многу други јави добра во градот, неодамна беше мета на вандали, а се очекува надлежните служби да ја санираат штетата.
O.T.