Зголеменото ниво на Охридското Езеро и разорните бранови кои во текот на изминатата недела го погодија охридското крајбрежје, оштетија дел од бетонот на „Сараиште“, а плажата се наоѓа целосно под вода.
Исто така, брановите оштетија дел од градскиот кеј во близина на паркот во централното градско подрачје.
Инаку, по поројните дождови, нивото на Охридското Езеро е неколку сантиметри над максимално дозволената кота, а надлежните уверуваат дека не постојат услови за евентуални поплави.
О.Т.