Високиот водостој на водните басени во охридскиот регион предизвикаа поплави не само по крајбрежјето, туку и долж каналот Студенчишта.
Охриѓани не паметат кога последен пат каналот се излеал од своето корито, со оглед на тоа што изминатите години граѓаните беа сведоци на нискиот водостој на овој воден басен.
Инаку, охридската научна јавност на неколку наврати апелира до надлежните институции навремено да се регулира истекот на Охридското Езеро кај реката Црн Дрим.
О.Т.















