Утрово со отстранување на платформата пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот продолжи акцијата за уривање на дивоградбите, што е дел од Акцискиот план за справување со проблемите кои го загрозуваат статусот на Охрид во Унеско.

Претходно дел од сопствениците на угостителските објекти во овој дел на градот самостојно ги отстранија платформтите од езерото.

Акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид започна со бесправно изградена индивидуална куќа на улица „Марко Нестороски“, а продолжи со хотел во близина на населбата Далјан. И во двата случаи сопствениците со писмен исказ се обврзаа дека сами ќе ги урнат дивоградбите.

Од локалната самоуправа информираат дека акцијата за уривање на дивоградвбите ќе продолжи без отстапки, согласно планот и неселективно.

OhridNews