Спомен обележјето на холандскиот писател А Ден Долард на градскиот кеј од ден на ден се повеќе се распаѓа. Видливи се поголеми оштетувања кои се последица на надворешните влијанија.
Ова спомен обележје беше санирано во 2008 година, но очигледно потребна му е уште една „генералка“.