Прославувањето на Стара Нова Година – Валисица во Охрид има вековна традиција. Палењето огнови, кумството, вртењето паричка, „маалското“ собирање и богатата трпеза се обичаи кои охриѓани ги практикуваат ден денес.

Со ѓомлезе, колбаси на скара, греана ракија и црвено вино, низ многуте маала вечерва охриѓани ја слават православната Нова година. Нема улица во градот, на која не се пали оган и не се прославува доаѓањето на новата година. 

Василичарските огнови низ Охрид веќе се разгорени. Помеѓу василичарите владее убаво расположение, а се ќе заврши со песна длабоко во новогодишната ноќ.

За многу години!

OhridNews