Вработени од јавните претпријатија и, противпожарната и други служби во Општина Охрид, интензивно работат на расчистување на последиците од невремето проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев, што денеска го зафати Охридскиот регион.
Се расчистуваат регионалните патишта од наносите земја и песок, улиците и тротоарите се чистат од гранки и лисја кои ги носеше водата.
Екипи на Комуналец ја чистат Охридската чаршија, каде атмосферската вода, исто така, предизвика големи проблеми.
Во делови од градот поплавени се улици, дворишта и домови. Таков е случајот со дел од населбата „Охридати“ на улицата „АСНОМ“ каде со пумпи се испумпува водата од дворовите и куќите.
Се огласија ид од Државното јавно претпријатие „Колекторски систем“, од каде информираат дека колекторот работи со полн капацитет.
Дезинформациите кои се шират за неработењето на пумпите на Колекторскиот систем се потполно лажни. Моментално работиме со полн капацитет. Истото може да се види на сликата која е превземена од дирекција каде што дел од пумпите се под целосен мониторинг. Апелираме за задржување на објективноста при вакви природни непогоди и заедничка соработка на сите засегнати страни со цел надминување на штетите од оваа временска непогода. – стои во соопштението на „Колекторски систем“.
OhridNews