Охридското трио Каланоски, Алими, Меди на пријателската средба со Охрид Лоте ги бранеа боите на македонската репрезентација до 19 години. Каланоски – Алими го сочинуваа напаѓачкиот тандем од првата минута додека Меди ги одигра вторите 45 минути од натпреварот.


– Очекувам добри резултати на овие квалификации, имаме солидна репрезентација долго време играме заедно тоа треба да даде вистински плод – истакна Каланоски.


Македонија во квалификациите за ЕП во група се наоѓа со Швајцарија,
Украина и Казакстан, мечевите се играат на 5 ноември во Струмица. – Сместени сме во тешка група, ние од сенка ќе пробаме да изненадиме и да го бркаме второто место кое води во понатамошната фаза – вели Меди.




фото : Михаил Постоловски