Охрид е полн со гости од сите краеви на земјата и регионот. По бурната новогодишна ноќ и славењето до утринските часови, на многумина добро им дојде прошетка на чист воздух покрај Охридското Езеро.
Други, пак, уживаа во кафе на отворено на терасите од реполните кафулиња и ресторани во центарот на градот.
За неуморните, забавата продолжи на градскиот плоштад со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“, како и проектот „И повторно Евергрин“ кој на Лидија Кочоска – вокал, Влатко Груевски – вокал и Андреа Наунов – пијано и вокал.
Шеталиштата, плоштадот и кафулињата преполни, Охрид пулсира празнично во Новата година
Г.М.
Фото: Н.С.Ј.