Шоуто „Црн хумор“ ги проби табуата и покажа дека и мракот може да биде смешен. Бројната публика вчеравечер во култниот Џез Ин уживаше во настапот на Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев.
Стенд ап комичарите приредија извонредно шоу со жестоки шеги и хумор кој ги преминува границите на обичното во секој поглед.
Вечерва во рамки на програмата од „Summer Comedy Marathon“ ќе биде изведено шоуто „Nitro 2 Live“ со Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски, во кое ќе биде вклучена и публиката. Организаторите ветуваат експлозија на интеракција, импровизација и хумор каде што публиката е ѕвезда! „Nitro 2 Live“ ќе биде изведено во Џез Ин со почеток во 20 часот.
Фото галерија:
Шоуто „Црн хумор“ ги проби табуата
Н.С.Ј.
фото.А. Момироска