Вчеравечер во рамки на „Summer Comedy Marathon 2026“ публиката имаше можност да го погледне шоуто „На лагата“ со Душан Петровски и Бојан Кирковски во Џез Ин.

Вечер со искрена комедија за неискреноста, секојдневните изговори, смешните оправдувања и лагите што сите ги знаеме, ама никој не сака да ги признае.

Публиката уживаше во стендап шоу кое зборуваше за сите оние моменти кога вистината е премногу непријатна, па мора да се измисли нешто подобро.

Вечерва стендап комедијата „COMEDY JAM“ ќе донесе импровизација и непредвидливи моменти во Џез Ин. На сцената со почеток во 20 часот ќе настапат: Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Зоран Донев, Илија Богданоски и Јован Цветкоски.

„COMEDY JAM“ е шоу каде што комичарите ја носат својата најсвежа енергија, нови шеги и спонтани моменти што не можат да се повторат двапати.

Очекувајте вечер полна со смеа, изненадувања и вистинска клубска стендап атмосфера.

Билети на hahaha.mk или на 078 283 066.

Фото галерија:

OhridNews

фото. А. Момироска