Натпреварот помеѓу Португалија и Шпанија кој заврши без победник (3-3) нема да остане во добро сеќавање на Давид де Хеа кој имаше несвојствен кикс за него при вториот погодок на Кристијано Роналдо.

Грешката на еден од најдобрите светски голмани во моментов која за среќа не го чинеше скапо составот на Шпшанија со голема доза на шега беше испратена на социјалните мрежи.

Најмногу внимание привлече монтираната фотографија на која Де Хеа за момент се претворува во Лорис Кариус, кој имаше катастрофални грешки во дресот на Ливерпул во финалето во Лигата на Шампиони против Реал Мадрид.

OhridNews