Проблемот со бесплатен паркинг простор во централното градско подрачје, и тоа како го чувствуваат граѓаните кои живеат на улицата „Партизанска“ во Охрид. Веднаш после Универзитетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле“, во улицата од лева страна,  жителите на околните згради поставија рампа. Целта е да се спречи злоупотребата на возачите, кои ги оставаат своите возила на паркинг просторот наменет за станарите.


рампата им го реши долгогодишниот проблем со паркинг-просторот

Проблемот според станарите од околните згради, се влечка со години наназад, а највпечатлив е за време на туристичката сезона, кога градот е посетен од голем број туристи, кои возилата ги оставаат пред нивните згради.
О.Т