Фудбалерите на Охрид им се вратија на победите во Третата македонска фудбалска лига југо-запад совладувајќи го составот на Црно Буки со 2-0 (1-0) пред своите гледачи во 19-та рунда од шампионатот.

Охридските „сино-бели“ крај на серијата без победа ставија со доминатната игра во текот на целиот натпревар и со по еден погодок во двете полувремиња. Отпорот на гостите го домаќините го „скршија“ со погодокот на Ромео Кочоски од белата точка во 20-та минута.

Во 54-та минута охридските фудбалери го дуплираа водството со голот на Томче Речкоски. За вториот погодок заслуги има целата екипа. Акцијата започна од половината од Охрид, а со гол ја круниса офанзивниот фудбалер.

Со триумфот на домашен терен, Охрид направи уште еден чекор напред кон титулата во Третата МФЛ која ќе му донесе второлигашки билет.

Гостинскиот состав пред почетокот на натпреварот ги посети градските гробишта во Охрид и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште од градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Тимот на Црно Буки

Мх.П.