Колорит на тезгите, колорит над тезгите. Охридскиот зелен пазар од горе изгледа шарено како и долу. Надлежните најавуваат реконструкција и изградба на современ пазар во Охрид, но се чека трансформацијата на земјиштето за реализација на идејата пазар со катна гаража.


Според ГУП таму треба да се гради супер модерен деловен комплекс со затворен пазар. Идејното решение предвидува и изградба на катна гаража за 400 возила. Целокупната инвестиција се проценува на околу 10 милиони евра.

OhridNews